Додека траеше говорот на активистот Демијан Хаџи-Ангеловски пред Собранието, демонстрантите добија информација дека комбето на Шарената револуција, во кое најверојатно се пренесуваа боите, е застанато на улицата Кочо Рацин. По ова неговиот говор беше прекинат а демонстрантите се упатија кон комбето со кое управуваше пратеничката Лидија Димова.
Веднаш откако пристигнаа новинарските екипи и дел од демонстрантите, полицијата влезе во своите возила и си замина. Пратеничката Димова вели дека нема објаснување зошто била застаната и дека и била побарана легтимација. Според неа, тоа е дело на полицијата, која вели, ги штити криминалците од власта.
Кратко по овој инцидент, со факел во рацете и македонското знаме говор одржа активистот Замир Мехмети, кој порача дека заедно сплотени, полицијата не им може ништо на Шарените, а на министерот Чавков единствено што му преостанува е да прави снимки за себе.
Денешниот протест започна пред седиштетото на СЈО во 19 часот.