НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Game of Thrones: Неколку реалистични предвидувања

0
By Нова ТВ on June 28, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сега кога заврши едно од најдобрите финалиња во сите сезони на Game of Thrones (Игра на троновите), мораме да се соочиме со реалноста: заглавени сме во чекање уште една година. Иако шестата сезона не остава со многу одговорим вклучувајќи ја и вистината за родителите на Џон Сноу, сепак, остануваат многу неодговорени прашања кои фановите ги чекаат веќе шест сезони или шест години. Врз основа на тоа како заврши секој од карактерите во шестата сезона, веќе се креирааат многу предвидувања. Некои поверојатно, некои помалку веројатни, но со Game of Thrones никогаш не се знае. Ќе има исполнети ветувања и пророштва, раскинати сојузништва и листи за убивања кои уште чекаат. Едно е сигурно – зимата доаѓа со полна снага. И додека е тешко да се превдиви кој ќе го преземе железниот трон, сепак, некои предвидувања се возможни.

Ќе има уште многу од сплетките на Литлфингер 

Како што Санса рече во финалето „Само будала би му верувал на Литлфингер“, можеме да очекуваме дека неговото присуство на северот е со агенда. Во последната сцена на прогласувањето на Џон Сноу за крал на северот веже можеше да се види неговото отровно лице како ја погледнува Санса. Веројатноста е дека тој ќе се обиде да прави сплетки со братот и сестрата по принципот „раздели па владеј“. Но, го демне и опасноста Санса и Џон Сноу да дознаат за неговата улога во смртта на нивниот татко Нед Старк, а ако тоа се случи, тогаш на Литлфингер не му се пишува добро.

Лијана Мормонт ќе добие поголема улога во седмата сезона
Малата и гневна прва дама на куќата Мормонт вербално ги уништи сите присутни возрасни мажи во собата во финалето на шестата сезона и ги принуди да ја увидат својата грешка и да му дадат поддршка на Џон Сноу. Фановите веќе сакаат да видат повеќе од младата Лијана, а како една од првите и најсилни поддржувачи на Сноу, сега кралот на Северот, сигурни сме дека таа ќе добие поголемо место под рефлекторот во 2017 година.
Денерис конечно ќе дојде дома
Ако се земе во предвид колку брзо се развива сценариото, и дека има уште само 13 епизоди од серијалот многу е веројатно дека Денерис Таргеријан, загубената наследничка на тронот, ќе пристигне во Вестерос во раната седма сезона.
Тирион ќе се соочи со неговите брат и сестра – но во битка
Последната сцена во која го видовме Тирион во финалето од шестата сезона е како качен на брод, рамо до рамо со Денерис, плови кон Седумте царства. На себе гордо го носи беџот „Десна рака на кралицата“. А знаеме дека во финалето неговата сестар Серси седна на железниот трон. Неговиот брат Џејми веројатно ќе и даде поддршка во седмата сезона, така што Тирион ќе се соочи со неговото семејство во борба за кралството.
Серси ќе се закачи со Северот

Серси веќе ја обвинува Санса за смртта на својот син Џефри, а сега како нова кралица можеме да замислиме како ќе реагира кога ќе разбере дека Санса ја презела куќата Старк, а Џон Сноу е прогласен за Крал на Северот. Сигурно нема да го прифати овој факт туку-така. Бидејќи е склона кон насилни реакции, веројатно е дека или ќе искористи некој кој е веќе на Северот (можеби Литлфингер) да делува како нејзин прокси или ќе прати армија во Северното кралство.

Арја ќе се спои со своето семејство во Винтерфел 

Нема да треба многу време за да се рашири информациајта дека Џон и Санса го презеле Винтерфел. Тоа значи дека и Араја ќе ги чуе добрите вести и ќе тргне дома. Замислете ги сцентие во кои браќата и сестрите Старк ќе почнат да си раскажуваат меѓу себе што правеле сето ова време.

 

Игра на Троновите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.