Двајца од тројцата Французи, меѓу кои и еден новинар, денеска пред судот во Луксембург беа осудени на казна затвор поради протекувањето на документите коишто открија како големите мултинационални компании ги заобиколуваат законите и затајуваат стотици милиони евра данок.
Антони Делтур и Рафаел Халет, двајцата вработени во компанијата „PricewaterhouseCoopers“ од каде што протекоа документите, беа осудени на 12 и 9 месеци условен затвор, како и парични казни од 1000 и 1,500 евра.
Новинарот Едуар Перен од францускиот јавен сервис кој ги доби овие документи од изворите и ги објави беше ослободен од обвиненијата.
Тие беа обвинети за кражба, откривање деловни тајни, кршење на професионалната тајна и перење пари, а тужител беше нивниот поранешен работодавач „PricewaterhouseCoopers“.
Поддржувачите ги чекаа пред Судот и извикуваа „Херои“. Претставниците на „Транспарентност Интернешнл“ претходно во една од своите објави напишаа:
Да, навистина, денеска на судење не е Пепси, не е Икеа, ниту ЕОН, ниту Аппле, ниту кечапот Хајнц ниту било кој од агресивните затајувачи на данок кои беа откриени, тука се луѓето кои застанаа против даночните неправди“.