На програмата на меѓународниот фестивал „Лица без маски“, кој сбеше отворен вчера, викендов на програмата се три претстави во Универзалната сала.
Театарот „Ателје 313“ од Софија, вечерава гостува со претставата „Деволуција“ на авторот и режисер Петар Пашов Јуниор.
Претставата е експеримент што вклучува визуелен и материјален театар, куклен и физички театар за да ги истражи мотивите на хаосот во современите мисли. Играат: Милена Миланова, Десислава Чардаклиева, Димитар Тодоров и Тодор Нисторов.
Во 22 часот игра Академскиот театар „Бранко Kрсмановиќ“ од Белград со претставата „Рувензори“, во режија на Владимир Цвејиќ. Иако текстот на Бела Хамваш е напишан во 1929 година, тоа е дело за денешницата со универзален израз.