Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Балкан Петролеум“ не дал гаранции за Макпетрол, КХВ молчи

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 8, 2016 15:13

Нема банкарска гаранција од Балкан петролеум за преземањето на Макпетрол, дознава Телма. Петар Стојановски, македонскиот претставник на фирмата основана пред 40 дена во Лондон во понеделникот тврдеше дека гаранцијата е издадена од швајцарската УБС банка, објавува Телма.

Комисијата за хартии од вредност засега молчи, се уште не се изјаснува дали проспектот за преземање на Макпетрол доставен до нив е комплетен и со валидна банкарска гаранција и кој всушност стои зад обидот за преземање.

Фирмата Балкан Петролеум холдинг лимитед е фирмата која ја достави понудата, нејзин сопственик е фирма формирана во мај на Кипар, а сопственици на кипарската компанија со основачки влог од по 500-тини евра се две компании регистрирани на Британските девствени острови, позната карипска оф-шор дестинација. Експертите оценуваат дека и комисијата за хартии од вредност но и финансиското разузнавање треба да откријат кој е вистинскиот понудувач и дали во Македонија ќе се користат легални пари или пари стекнати со криминал.

– Доколку станува збор за одредена фирма која во друга земја влегла во одредени криминални дејанија, во одредени противзаконски дејанија, доколку за таа фирма се водат некакви постапки, управата е должна да го блокира тој процес на преземање на Макпетрол, бидејќи може да дојде до сериозни последици за македонската економија, вели Ване Цветанов.

– Тоа апсолутно не значи дека регулаторот на треба малку подлабински да навлезе во суштината на самиот понудувач. Треба да се бара одговор на прашањата кој стои за него, дали дејствува самостојно или заеднички со други поврзани лица. Ако е некоја ново формирана компанија, како што мислам дека е случајот сега, кои се основачите, дали тие се поврзани со некои други лица, која е тука природата на поврзаноста, изјави Марко Андонов, универзитетски професор.

За УБС банката од Швајцарија која Балкан петролеум ја посочува како носител на банкарската гаранција се води истрага за перење на пари и за даночно затајување во Белгија, Франција и во САД.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.