Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуланд: Време е да се заврши работата и да се отвори пат за избори

0
By Соња Трајковска on July 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 11, 2016 15:49

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд на денешната прес-конференција пред медиумите изрази надеж дека во блиска иднина политичката криза ќе се помрдне од ќорсокак.

– Имавме многу продуктивен ден на средбите во овој многу важен момент за вашата земја. САД се горди што заедно со ЕУ со сите политички сили се обидува да ја надмине политичката криза од минатата година, што резултираше со Договорот од Пржино. Имаше некаков напредок при имплементација на тој Договор но сега е време да се заврши работата и да се отвори пат за слободни демократски избори, изјави Нуланд.

Таа вели дека од Скопје заминува охрабрена по средбите кои ги имаше со лидерите на четирите политички партии.

Нуланд со јасна поддршка за работата на СЈО

– Во наредните денови се надеваме дека преговарачките тимови ќе можат да ги разгледаат идеите што се маса и да се движат кон избори. За ова секако ќе биде потребна политичка волја од сите страни и на средбите почувствував дека таа волја ја има, потенцираше таа.

Според неа, исто многу важен процес е зацврстување на судството и владеењето на правото овде во Македонија, а работата на Јанева и нејзиниот тим е од витално значење за во оваа земја да има вистинско владеење на правото, одговорност и чист правен ситем, клучни за Македонија да ги постигне своите евроатлантски цели и да биде членка на ЕУ и НАТО.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа, дали се разговарало за специјален суд, Нуланд вели дека на маса се неколку конструктивни идеи, а она што е најважно системот да биде чист и ефективен.

– Ова е процес кој сите ние сакавме да биде многу побрз. Како што кажав и пред да дојдам, интензивно се работеше со поддршка на САД и ЕУ, за Македонија да се движи кон избори, дополни американската дипломатка.

Викторија Нуланд политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.