Кандидатот за генерален секретар на Обединетите нации од Македонија, Срѓан Керим, не се појави на дебатата што се одржа синоќа во Њујорк со противкандидатите, ниту објасни што го спречило во тоа.
Десетмина од 12-те кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа учествуваа на првата телевизиска дебата во историјата на ОН, која се одржаа во салата на Генералното собрание и се емитуваше директно преку сателит на телевизијата Ал Џезира.
Не присустуваа само кандидите за генерален секретар од Македонија и од Словачка, Срѓан Керим и Мирослав Лајчак.
Лајчак во видео порка објаснил дека имал неодложни обврски како претседавач со Европската Унија, додека во име на македонскиот кандидат Срѓан Керим, објаснувањето го прочита амбасадорот на Македонија во светската организација Васко Андоновски.
-Како кандидат за позицијата генерален секретар на ОН сакам да изразам жалење што не можам да учествувам во дебатата со другите кандидати.Со оглед на обврските за консултации со членовите на Советот за безбедност на ОН не можам да бидам во Њујорк на овој датум, изјави Андоновски.
Како што дознава НОВА Керим до скоро престојувал во Јужна Америка каде што со амбасадорот Ивица Боцевски посетувал повеќе држави во потрага по поддршка за генерален секретар на Обединетите Нации. Во меѓувреме тој даде отказ од МПМ и стана советник на премиерот за надворешна политика.
За време на вчерашната историска дебата во период од два и пол часа кандидатите ги изложија своите приоритети во случај да бидат избрани и одговараа на прашања за реформирањето на ОН, за наоѓањето начини за решавање на конфликтите и за други актуелни проблеми, како ситуацијата на Блискиот Исток, во Јужен Судан или климатските промени.
Следната недела 15-члениот Советот за безбедност го почнува неформалното тајно гласање за избор на кандидат, кој ќе му го препорача на Генералното собрание на ОН.