Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Керим не се појави на првата јавна дебата за генерален секретар на ОН

0
By Нова ТВ on July 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 13, 2016 21:57

Кандидатот за генерален секретар на Обединетите нации од Македонија, Срѓан Керим, не се појави на дебатата што се одржа синоќа во Њујорк со противкандидатите, ниту објасни што го спречило во тоа.

Десетмина од 12-те кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа учествуваа на првата телевизиска дебата во историјата на ОН, која се одржаа во салата на Генералното собрание и се емитуваше директно преку сателит на телевизијата Ал Џезира.

Не присустуваа само кандидите за генерален секретар од Македонија и од Словачка, Срѓан Керим и Мирослав Лајчак.

Лајчак во видео порка објаснил дека имал неодложни обврски како претседавач со Европската Унија, додека во име на македонскиот кандидат Срѓан Керим, објаснувањето го прочита амбасадорот на Македонија во светската организација Васко Андоновски.

-Како кандидат за позицијата генерален секретар на ОН сакам да изразам жалење што не можам да учествувам во дебатата со другите кандидати.Со оглед на обврските за консултации со членовите на Советот за безбедност на ОН не можам да бидам во Њујорк на овој датум, изјави Андоновски.

Како што дознава НОВА Керим до скоро престојувал во Јужна Америка каде што со амбасадорот Ивица Боцевски посетувал повеќе држави во потрага по поддршка за генерален секретар на Обединетите Нации. Во меѓувреме тој даде отказ од МПМ и стана советник на премиерот за надворешна политика.

За време на вчерашната историска дебата во период од два и пол часа кандидатите ги изложија своите приоритети во случај да бидат избрани и одговараа на прашања за реформирањето на ОН, за наоѓањето начини за решавање на конфликтите и за други актуелни проблеми, како ситуацијата на Блискиот Исток, во Јужен Судан или климатските промени.

Следната недела 15-члениот Советот за безбедност го почнува неформалното тајно гласање за избор на кандидат, кој ќе му го препорача на Генералното собрание на ОН.

ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.