НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува распитот за „алфите“ осомничени за апсењето на Бошковски

0
By Нова ТВ on July 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и другите припадници на оваа единица што го апсеа лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, денеска треба да се појават на распит во Основниот суд Скопје 1.

Минатата недела распитот се одложи откако шестмината осомничени во случајот наречен „Тортура“ побараа дополнително време за увид во предметот.

Случајот „Тортура“ кој го покрена Специјалното обвинителство се однесува на нечовечно постапување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

Првоосомничен е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, но тој не е дел од постапката бидејќи кога се отвори предметот за него важеше аболицијата од претседателот Иванов.

Второосомничен е Ивица Анчевски – Пуки, актуелен командант на единицата Алфи и уште петмина полициски службеници.

Против сите лица вработени во МВР побарана е предлог мерка на претпазливост, забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Како што образложија СЈО, врз основа на доказниот материјал има основано сомнение дека на ден 6 јуни2011 година, еден ден по завршувањето на парламентарните избори, првоосомничениот – директор на УБК, поради дискриминација врз основа на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени -полициските службеници во единицата Алфи, во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице – оштетениот Љубе Бошковски, да му предизвикаат душевно страдање, стои во соопштението на СЈО за предметот „Тортура“.

Петтемина полициски службеници, со наредба на командантот на Алфите, според извештајот на СЈО, при апсењето на Бошковски употребиле прекумерна физичка сила, насилно го легнале на земја, удирајќи го и држејќи го за рацете.

Со ваквото постапување, според СЈО, осомничените му нанеле душевно страдање на Бошковски, директно му било понижено човековото достоинство и личноста и го дискриминирале врз политичка основа, што се докажува и од вештачењето за неговата психофизичка состојба во тој момент.

Алфи СЈО Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.