НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Упатствата на терористите на ИД до нивните следбеници

0
By Светлана Јовановска on July 16, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Teрористичката организација Исламска држава (ИД) утринава застана зад нападот во Ница во кој загинаа 84 лица а 202 од кои 52 тешко се ранети.

Иако повеќе од 32 часа немаше соопштение на ИД кои би презело одговорност за нападот а авторот на нападот не беше познат од француските институции кои водат борба против тероризмот, политичарите и истрагата во Франција изјавија дека станува збор за исламистички тероризам. Поради тоа што начинот на кој беше извршен нападот јасно укажуваше на методите и упатствата на ИД до нивните западни следбеници.

Возилото како оружје – ова е упатството дадено од терористичката организација ИД до нејзините следбеници уште во 2014 година. Абу Мухамед Ал-Аднани, портпарол на ИД на овој начин ги мотивирал борците да тргнат во напад и тоа сами, без ничија помош.

Во пропагадистичкиот весник на ИД Инспајр тој има напишано:

“Користете го камионот како машина за косење трева. Одете на најпосетените места со максимална брзина за да направите што поголема штета. Ако имате и огнено оружје искористете го за да ја завршите работата”.

Ал-Аднани во повеќе наврати барал од своите приврзаници да не им се придружуваат на редовите на ИД и да не одат во Сирија туку да напаѓаат во земјата во која се наоѓаат.

Тој додава уште упатства:

“Ако не можете да експлодирате бомба или да испукате куршум, снајдете се за да се најдете насамо со француски и американска неверник и скршете му ја главата со камен, убијте го со удари со нож, удрете во него со кола, фрлете го од карпа, задавете го, отрујте го… Не е важно дали неверникот е борец или цивил. Нивната казна е иста: и двајцата се непријатели. Нивната крв може да се пролее.”

Нападот во Ница не е прв случај во кој се користеле кола или камион како оружје. Два такви напади се случија во Лондон и во Монтреал.

Во мај 2013 година двајца Лондончани со нигериско потекло удрија со кола во млад војник а потоа го боделе со нож. Според видеото снимано веднаш по нападот еден од убијците вели дека сакал да ги освети сите муслимани убиени од британски војници. Убиецот бил татко на шест деца.

Во 2014 година еден радикализиран Канаѓанец удрил со кола во тројца војници, едниот загинал а другиот бил ранет.

На 13 јуни 2016 година во близина на Париз Лароси Абала со нож уби еден полицаец и неговата сопруга во нивниот дом

Исламска држава Ница терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.