Управниот суд денеска расправа одлучува по 60 тужби поднесени од СДСМ против одлуките на ДИК, за Скопје, Бутел, Ѓорче Петров, Берово, Велес и Карбинци.
Вчера Судот прифати 32 тужби на ВМРО-ДПМНЕ, по што во недела се оди на трет круг од локалните избори во дел од изборните места во скопската општина Центар и Струга.
Со одлуките кои Управниот суд ги донесе се поништуваат гласачки места на кои има регистрирано над 6 илјади гласачи, а разликата меѓу Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ во вториот круг од гласањето беше 981 глас.
Претседателот на Управниот суд Хусамедин Лимани поднесе оставка по одлуката на Судот да ги прифати тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар.
Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски со реакција на одлуката на Управниот суд за прегласување на вториот круг во оваа скопска општина.
Тој рече дека денешната одлука на Управниот суд е срамна и е само резултат на режимот со кој се соочуваме.
„Опозицијата и јас, и во првиот и во вториот круг, според волјата на граѓаните на Центар победивме, но власта се обидува, сега преку судот, да ја поништи волјата на граѓаните со единствена цел да не се открие криминалот што е направен во општина Центар со проектот Скопје 2014. Ние бело знаме не дигаме, одиме на уште една победа, и се надевам дека граѓаните на Центар уште еднаш ќе им кажат кој сакаат да ги води“, рече Жерновски