НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов: Не може ребаланс на буџетот, без разврска за еврообврзницата

0
By Нова ТВ on July 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ребалансот на Буџетот којшто денес е на дневен ред треба да биде повлечен се до расчистувањето на законитоста на постапката за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра, рече на денешната прескоференција пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.

– После вчерашната изјава на министерот за правда, Валдет Џафери дека Министерството за финансии не побарало правно мислење за издавањето на еврообврзницата што е законска обврска согласно Законот за јавен долг, член 18, став 6. станува јасно дека е прекршена законската процедура за издавање на еврообврзницата од 450 милиони евра. Со оглед дека овие 450 милиони евра дополнително беа калкулирани во Ребалансот на Буџетот за 2016 година и тоа после завршувањето на амандманската расправа како дополнет предлог од Владата сметаме дека до расчистувањето на скандалот со прекршувањето на постапката за издавање на еврообврзницата Ребалансот треба да биде повлечен за Собранието не биде доведено да изгласа Буџет кој навистина е нереален – речи Николов.

Тој праша и кој ќе ја сноси одговорноста ако заради прекршување на Законот за јавен долг и постапката за издавање на еврообврзницата истата биде поништена, а Собранието го изгласа Ребалансот со калкулираните 450 милиони евра и истите бидат потрошени.

– Нашето мислење за Ребалансот го кажавме на неколку прес-конференции и истакнавме дека ваков Ребаланс со којшто се намалуваат капиталните расходи, а се зголемува буџетскиот дефицит е само уште еден чекор напред кон зголемување на јавниот долг и зголемување на сиромаштијата на граѓаните – рече Николов.

еврообврзница СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.