Во Македонскиот народен театар, вечерва гостува Кралскиот театар „Зетски дом“ од Цетиње, кој ќе ја изведе претставата „Жабар“ од Рајнер Вернер Фасбиндер.
Жабар“ е едно од првите остварувања на Фасбиндер, и за него таа претставува отскочна даска во понатамошната работа. Овој текст на Фасбиндер, иако напишан во шеесетите години од минатиот век, е основа за соочување со бруталностите, лагите, конструкциите и фобиите на современото општество и на неговите млади,обично заборавени луѓе, деликвенти кои ги изгубиле своите компаси, но и понатаму знаат каде се вистинските страни на нивните мали светови, само тешко дека можат да ги најдат во затемнетата визба на денешнината.
Во оваа претстава игра млада, нова, храбра и талентирана генерација црногорски актери. Режијата е на Лидија Дедовиќ и Петра Вебер. Режисерката Дедовиќ е директор на Кралскиот театар Зетски дом.