Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов помилува 43 осуденици

26
By Нова ТВ on July 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 28, 2016 17:57

Претседателот  Ѓорге Иванов за празникот Илинден помилува 43 затвореници на кои им се скратува казната за три до осум месеци. На списокот нема ниту една жена осуденичка, но има затвореник кој одлежува казна за поседување на оружје. На истиот осуденик, според Телма казната му била скратена за шест месеци и минатата година за истиот празник.

Одлуката е објавена во завчерашниот број на „Службен весник“.

„Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на членот 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија и во согласност со членот 1 од Законот за помилување“, се вели во образложението.

Во објавениот список на помилувани  на  вкупно 29 затвореници делумно им се скратува казната за три месеци, за четири месеци им се намалува казната на петмина осуденици, за половина година на седдумина затвореници. Само двајца од осудениците ќе добијат делумно скратување на казната за седум и осум месеци.

Претседателот Иванов два пати годишно потпишува помилувања и тоа за националниот празник Илинден и Нова Година. Неговата последна одлука за  помилување пред Нова Година предизвика големи реакции во јавноста поради рекордниот број на осуденици, вкупно 174, но и поради изборот бидејќи на листата се најдоа лица кои се осудени за тешки кривични дела за човештвото.

Во април годинава Иванов донесе одлука за аболиција на 56 политичари за кои има отворено предмети СЈО, спомнувани во прислушуваните разговори. По притисоците во јавноста и протестите, одлуката беше повлечена.

затвореници Иванов помилува
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.