НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Златна параолимпијка планира еутаназија по Рио

0
By Нова ТВ on August 1, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот весник Ле Парисиен објави потресна приказна за златната олимпијка Марике Верворт, која во Рио на Параолимписките игри ќе се обиде да го освои својот последен медал во кариерата, а по настапот озбилно размислува за еутаназија, која е легална во Белгија.

Белгиската спортистка во количка се бори со дегенаративна болест која и ги парализирала нејзините нозе и исто така и предизвикува се посилни болки, но тоа не ја спречи нејзината спортска кариера. На Параолимписките игри во Лондон освои злато на трка со колички на 100 метри, како и сребро на 200 метри, а има и три златни медала на Светските првенства и сите четири светски рекорди.

media_xll_8150435

„Кога сум во својата тркачка количка, се исчезнува. Ги заборавам црните мисли и борбата со тагата, маките и фрустрацијата. Така освојувам златни медали.“, изјави Марике Верворт и објаснува како изгледа нејзиниот живот надвор од спортските натпреварувања.

„Сите ме гледаат како се смеам со мојот златен медал, но никој не ја гледа темната страна. Силно се мачам, понекогаш спијам само десет минути навечер и сепак се обидувам да освојам злато. Но, кога сонцето повторно ќе зајде, болката не исчезнува до таа мера што ме тера да вриштам“, раскажува Верворт.

Болеста на Марике е во нагорна линија, па таа и нејзините соработници веруваат дека овие Параолимписки игри во Рио ќе и бидат последни. Се надева дека ќе освои медал, иако не е на врвот на кариерата, а конкуренцијата секоја година е посилна.

Верворт во потресното интервју признава дека спортот и бил единствената причина за живот и дека размислува за еутаназија по игрите во Рио. Во Белгија еутаназијата е легална и потребно е само да се добие потпис од тројца различни лекари.

„На својот погреб сакам сите да имаат чаша со шампањ во раката и да ми подарат една мисла “, вели Марике. Спортската јавност се надева дека таа сепак ќе се предомисли од намерата.

еутаназија Параолимписки игри Рио 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.