Американските власти уапсија осомничен во фаталниот бомбашки напади на Бостонскиот маратон, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор од федералната агенција за воведување ред и закон.
Детали за идентитетот на осомничениот и мотивот во моментов не се достапни.
Иследниците го идентификуваа осомничениот врз основа на две видеа направени пред нападот од понеделникот.
Еден од видео клипови е снимка од надзорни камери од околната Лорд & Тејлор стоковна куќа, а другиот е снимен од страна на телевизијата Бостон- извор кој бил брифиран за истрагата му изјавил на Си Ен-Ен.
Развојот следува по хаотичниот ден во кој иследниците открија повеќе детали во врска со составот на бомби и очигледно неповрзани писма кои содржат рицин пратени во Вашингтон.