Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Португалецот Гутерес води за шеф на ОН пред вториот круг на гласање

0
By Нова ТВ on August 4, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 4, 2016 12:50

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутерес би можел да стане главен фаворит за деветиот по ред Генерален секретар на Обединетите Нации, по вториот круг на тајно гласање за кандидатите што ќе се одржи утре.

Иако се чини дека избледеа надежите на местото Генерален секретар за прв пат да дојде жена, сепак се уште е рано да се каже кој би можел да го замени Бан Ки-мун, кој на крајот на 2016 година ќе замине од тоа место, по два петгодишни мандати.

Дванаесет кандидати, од кои шест жени и шест мажи, се во трка за местото генерален секретар. Годинешната кампања ја обележа настојувањето на третина од 193 членки на ОН, кои ги предводи Колумбија, и кои инсистираат на челната позиција да дојде жена.Во таа група се и четири членки на Советот за безбедност: Јапонија, Шпанија, Уругвај и Венецуела.

„Штета е што нема жена на првото или второто место“, истакнува украинскиот пратеник Володимир Јелченко, чија земја е во моментов членка на Советот за безбедност, додека колумбиската пратеничка Мариа Ема Мејиа оцени дека и покрај успехот да се наметне прашањето за родовата еднаквост во кандидатурата за местото генерален секретар, како и фактот дека шест жени се кандидираа за тоа место, разочарувачки е дека ниту една од кандидатките не дојде на врвот по првиот круг.

Was8947244-2048x1353

„Не би ја затворила можноста тоа да биде жена и тоа ќе го нагласам во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност, да ја разгледаат таа можност“,истакна колумбиската пратеничка.

Ова е прв пат да се организира ваква процедура со гласање во два круга за избор на првиот човек или жена на Обединетите Нации.

Петнаесетчлениот Совет за безбедност ќе гласа во вториот круг за секој кандидат, а опциите за избор се кандидатурата на дотичниот кандидат да се „охрабрува“, „не охрабрува“ или оној кој гласа за неа во моментот да „нема мислење“.

Во првото тајно изјаснување на 21 јули Гутерес, кој е поранешен висок претставник за бегалци на ОН, доби 12 „охрабрувачки“ гласови и три кои „немаа мислење“, со што за малку го претрка екс претседателот на Словенија Данило Турк, кој доби 11 охрабрувачки, два гласа кои „не охрабруваат“ и два кои „немаат мислење“.

Според дипломатите во ОН, другите најсериозни кандидати биле разочарување по првиот круг на гласање на на 20 јули, јавува агенцијата АФП.

Помеѓу разочарувањата изворот на АФП ги набројува Срѓан Керим, Бугарката Ирина Бокова, актуелен генерален секретар на УНЕСКО и српскиот кандидат Вук Јеремиќ кои добиле само девет “охрабрувачки” оценки.

_89176583_unsecgen_afp

Зад нив се наоѓаат Словакот Мирослав Лајчак и шефицата на аргентинската дипломатија Сусана Малкора и на дното се Црногорецот Игор Лукшиќ, Молдавката Наталиа Герман, Кристиана Фигерез од Костарика и Весна Пусиќ, хрватската министерка за надворешни работи.

Советот за безбедност ќе продолжи со тајно гласање се додека не постигне консензус, а дипломати наведуваат дека целта е Советот да му предложи на генералното Собрание кандидат за местото генерален секретар во септември или октомври.

Постојаните членови на Советот за безбедност (САД, Обединетото кралство, Кина, Франција и Русија) имаат право на вето за да спречат именување на кандидат кој не им се допаѓа. Откако сите членови на Советот ќе се договорат за еден кандидат, тој или таа официјално ќе бидат избрани на генерален секретар на Обединитетите Нации. Новиот мандат почнува на 1 јануари 2017 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.