Налог за апсење на исламскиот лидер Фетулах Ѓулен кој живее во доброволен прогон во САД, издаде денеска Судот во Истанбул.
Судот бара апсење на Ѓулен под обвинение дека бил организатор на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, во кој загинаа повеќе од 270 луѓе.
Турската Влада тврди дека Ѓулен го организирал неуспешниот преврат, кој го извршиле дисиденти на турската војска и бара од САД тој да биде екстрадиран во Турција.
Официјална Анкара го смета движењето на Ѓулен за терористичка организација. Исламскиот проповедник Ѓулен кој е поранешен сојузник Ердоган, негираше вмешност во обидот за државен удар.
Вашингтон бара од Анкара докази за вмешаноста на исламскиот проповедник во неодамнешните немири.