Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Воздржете се од препукувања, треба да им се помогне на скопјани

0
By Нова ТВ on August 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 7, 2016 20:42

Градоначалникот на општина Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната прес-конференција  апелираше на помош за Скопскиот регион и да им се помогне на граѓаните кои се најзагрозени од невремето.

– Граѓаните на општина Струмица и јас како Градоначалник  на  оваа општина сме силно потресени од синоќешното големо невреме што се случи во нашиот главен град, кое според последните информации однесе повеќе од 20 животи, неколкумина се исчезнати, седумдесеттина  граѓани се повредени, а несомнено е дека водената стихија направила и огромна материјална штета. Нема ништо полошо од вакви природни катастрофи во кои страдаат невини луѓе. Струмица денес жали, како што жали и Скопје, како што жалат и сите градови и општини во Македонија. Сакам во оваа прилика, да го споделам моето сочуство со семејствата на настраданите граѓани, како од мое лично име, така и од името на сите граѓани на општина Струмица.  Посакувам вакво нешто, никогаш повеќе да не се повтори, изјави Заев.

Тој апелира до сите граѓани да се воздржат од било какви препукувања по социјалните мрежи, јавно жигосување и барање  виновници.

– Сега е време да му се помогне на Скопје и скопјани, како и на населените места и нивните граѓани кои се најзагрозени од невремето. Сега е време за хуманост и солидарност кон семејствата на настраданите и кон сите други кои ги трпат последиците од невремето.  За таа цел, на мој предлог, утре ќе се одржи  итна седница на Советот на општина Струмица, на која би била  донесена одлука за спроведување мерки и активности за собирање и испраќање помош до загрозените семејства и институции од Скопје и околината, како и од тетовскиот регион, порача Заев.

Заев поплава Сингелиќ Скопски регион Стајковци Тетовски регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.