Над 1.000 луѓе, меѓу кои и преживеани и роднина на жртвите, присуствуваа на одбележувањето на 71 година откако јапонскиот град Нагасаки беше уништен во Втората светска војна.
Речиси 75.000 луѓе загинаа директно или по радијацијата по експлозијата на атомската бомба која САД ја употреби врз Нагасаки.
Градоначалникот Томихисо Тауе му се заблагодари на претседателот на САД, Барак Обама за посетата на Хирошима годинава, што беше и прв ваков случај на американски претседател по атомските бомби.
Тој воедно ги повика и останатите лидери од светот да ги посетат Хирошима и Нагасаки за да знаат дека во иднина никако не смее да се употребува оружје од ваков тип.
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе во својот говор во Нагасаки ги повика светските лидери да го почитуваат глобалниот Договор за неширење на нуклеарно оружје.
– Не смее да дозволиме реприза на ужасните случувања во Хирошима и Нагасаки, повика Абе.