Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Жители од Стајковци: Очајни сме, никој не доаѓа да ни помогне

2
By Влатко Чаловски on August 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 11, 2016 16:06

На самиот крај од Стајковци веднаш до Обиколницата се последните улички каде жителите се молат дека нема да бидат заборавени од надлежните бидејќи досега никој не дошол.

Снежана Пејчева ја раскажува својата приказна за кризната ноќ кога се случуваа поплавите. Поплавени од дождот, но и од каналот кој е веднаш до нивната куќа.

– Кога се случи поплавата бевме дома јас маж ми и трите деца, на возраст од три и пол до 11 години. Кога влегуваше вода не знаев дека станува збор за толкаво количество вода. Наеднаш се зголемуваше нивото и се’ паѓаше. Децата ги качувавме на машините што паѓаа за да ги спасиме, бевме во кал и вода. Децата имаат трауми се уште. Ова е катастрофа а никој не дојде да ни помогне. Три дена барам чизми на Пунктот но ми велат нема, вели таа.

Драгана Милковска пак, од истата улица, вели тешко и е да се снабди со вода и леб од сред селото кое е оддалечено над 1 километар.

– За храна за вода одам на сред село и им кажувам кај живеам – кај каналот, ама ми викаат немало. Вода земам, ама гледам луѓе носат кеси, сите велат од Пунктот земаат. Од надлежните нема дојдено никој. Викаат да не чистиме ќе дојде проценител, ама како да не чистам кога се е во вода, се смрди на влага, се е тиња, раскажува Милковска.

И Снежана и Драгана со денови собираат кал…На само еден километар од центарот на селото, а сепак, далеку од помошта. Вели, политика не се меша во несреќи, но кога си заборавен, гневот е неизбежен.

– Не сакам да мешам политика, член сум на ВМРО-ДПМНЕ, ама никој овде со години не дошол да праша дали ни треба нешто. Ова е претеризам, потенцира Пејчева.

Куќата требало одамна да им биде дислоцирана, но и покрај кеифите надвор од законите што им ги терале на надлежните тоа не се случило.

„Нашата куќа воопшто не требаше да биде до автопатот, требаше да не дислоцираат ама никој не дошол. Елитните лица сме ги частеле по кафани, ама срамота е што не дошле да прашаат за овде“.

Нејзините соседи од погорните улици се малку посреќни, велат. Барем не оделе боси по калта.

Овие неколку дена по поплавите, помошта е концентрирана околу центарот на селото и околните улици. Секој од граѓаните е благодарен на волонтерите и армијата кои физички се присутни во нивните дворови, но собирањето на калта, очигледно ќе трае.

Да не заборавиме: додека трае реставрацијата на Стајковци и регионот, телефонската линија 143 400 и понатаму е отворена за донации, како и пунктовите низ Македонија каде може да им се помогне на овие луѓе.

Андон Велков помош поплави Стајковци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.