Сателитите на НАСА во системот на ѕвездата Кеплер-62 откриле три планети кои, според истражувачите, се погодни за можно населување.
Постојат три планети кои од планетата Земја се оддалечени меѓу 1200 и 2700 светлосни години. Кеплер-62c, Кеплер-62E и Кеплер-62F се дел од системот на пет планети кои се движат околу ѕвездата Кеплер-62. Истражувачите на НАСА претпоставуваат дека на нивната површина би можело да има вода, иако конкретни докази, со оглед на далечината, се уште нема.
“Земјата се чини се’ помалку и помалку е посебно место и ние веруваме дека слични планети има насекаде во вселената”, изјави Том Баркли, еден од научниците кои учествува во овој проект.
Кеплер-62F е, според истражувачите е 40 отсто поголема од Земјата и околу својата ѕвезда прави круг од 267 денови, додека Кеплер-62 е 60 отсто поголема од нашата планета и се претпоставува дека се на неа би може да се наоѓаат огромни океани.
Вилијам Боруцки, шеф на истражувањето, смета дека новооткриените планети би можело да биде далеку попогодни за некои идни колонизации отколкуа било која друга претходно откриена планета како Кеплер-22b и Кеплер-69c. Сепак, тој додава дека засега тоа е само теорија, која ќе биде потврдена кога ќе се создадат услови таму да се испрати вселенско летало.