Published: Monday, August 15, 2016 11:51
Полицијата го евакуираше аеродромот ЏФК во Њујорк по информациите дека синоќа се слушнале истрели од огнено оружје на Терминалот 8.
Двајца очевидци на полицијата и изјавиле дека слушнале истрели, по што следела полициска акција во која ништо не било пронајдено. Ниту безбедносните камери не регистрирале вооружен инцидент.
Сепак аеродромските власти го евакуирале аеродромот. Нема ниту повредени ниту уапсени.
Полицијата се сомнева дека лажна дојава на 911 ја предизвикала паниката. Полицијата истражува што се случило.




