Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романо Проди не стана претседател на Италија

0
By Нова ТВ on April 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 19, 2013 23:07

Поранешниот италијански премиер Романо Проди не беше избран за италијански премиер откако неговото номинирање од страна на левиот блок го разбесни исто така поранешниот премиер Силвио Берлускони, па според италијанските медиуми се зголемуваат шансите за распишување на предвремени избори.

Десниот блок што го предводи лидерот на Народ на слободата (PdL), Силвио Берлускони го бојкотираше гласањето за изборот на Романо Проди, кој протестираше надвор од парламентот обвинувајќи го лидерот на Демократската партија (PD) која го води левиот блок, Пјерлуиџи Берсани дека го прекршил ветувањето дека ќе номинира кандидат кого може да го прифати и десниот центар.

Изборот на Романо Проди за претседателски кандидат претставува вистинска пресвртница за лидерот на левите сили Пјерлуиџи Берсани, чиј обид на левиот блок да му го наметне 80-годишиот поранешен претседател на Сенатот, Франко Марини, околу кој се договори со десничарскиот лидер Силвио Берлускони, пропадна.

Ова беше четврто гласање за претседател во сложениот изборен процес во кој учествуваат 1.007 електори од двата дома на италијанскиот претседател и претставници на регионот. Петтото и шестото гласање треба да се одржи во сабота.

Претседателот на Италијанската Република се избира со гласовите на 1,007-те ткн „големи избирачи”, пратениците во долниот дом и сенаторите (пратениците во горниот дом од италијанскиот парламент – Сенатот), како и со гласовите 58 пратеници од регионите, За избор неопходно е двотретинско мнозинство или 672 гласови од 1.007-те електори во првите три круга, додека во четвртиот круг доволно е и просто мнозинство пренесува макфакс.

Левиот блок на Берсани го мнозинството и оттаму најголемиот број електори – 430, па следува десниот блок на Берлускони со 211 и Движењето 5 ѕвезди со 162 електора.

Функционери од левиот центар изјавија дека ќе опстојат на Проди како нивен кандидат, меѓутоа четирите неуспешни гласања упатуваат на политичко непријателство и неизвесност кои владеат повеќе од 50 дена од парламентарните избори кои се одржаа на 24-ти и 25-ти февруари кои не донесоа јасен победник.

Проди доби само 395 гласови, значително помалку од потребните 504, што покажува дека бунтовниците во левиот центар повторно не го почитаа налогот на партијата. Се чини дека околу сто парламентари од левиот центар одбиле да послушаат и да гласаат за Проди со што уште еднаш го поткопаа Берсани.

Десниот блок на Берлускони вели дека изборот на Проди веројатно би го спречило формирањето на владата и ќе ја одведен Италија на нови парламентарни избори, можеби уште кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.