Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест против изградбата на Панорамското тркало следниот петок

0
By Нова ТВ on August 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 16, 2016 16:47

Група активисти преку социјалната мрежа Фејсбук организираат протест за следниот петок, 25 август, против изградбата на панорамското тркало. Протестот е закажан за 18 часот на Кејот на Вардар до Музејот на македонската борба, каде што моментално се гради Панорамското тркало.

Организаторите на настанот велат дека сакаат да им порачаат на надлежните лица и институции во градот дека „Скопје не е Дизниленд и ова лудило мора да престане“.

„Продолжуваат да се градат контроверзни зданија и споменици без соодветна јавна дебата и консултација со жителите на овој град. Ние не сакаме нашите поколенијата да отплаќаат долгови со непоимливи камати за оваа естетска и политичка катастрофа. На Скопје му треба модерна инфраструктура и прогресивни идеи за развој на економијата и соживот. Придружете ни се на граѓанско собрание за да започнеме разговор за излез од овој као-антички, квази-барок, скопско-дизни кошмар“, пишува во објаснувањето на настанот објавен на „Фејсбук“.

Организаторите велат дека за да покажат како се чувствуваат во врска со спомениците и градбите во главниот град, на протестот ќе дојдат маскирани како Индијанци, ликови од филмовите на Дизни, кловнови и слично.

Панорамското тркало се гради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Неговата изградба ги револтираше дел од граѓаните, кои преку социјалните мрежи  побараа да се стопира изградбата, а средствата и механизацијата да се пренаменат за луѓето од поплавените подрачја.

За изведба на Панорамското тркало, дел од проектот „Скопје 2014“ се издвоија финансиски средства во висина од 18,3 милиони евра.

Објектот ќе има дијаметар од 57 метри, при што истиот ќе се издигне 73 метри над брегот на реката Вардар. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за изведба е пет години.

Панорамско тркало
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.