https://www.youtube.com/watch?v=WsRA0iXovlo
Најмалку 30 се убиени, а околу 94 луѓе се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе на свадба на отворено во југоисточниот турски град Газиантеп, соопшти регионалниот гувернер, пишува Би-Би-Си.
Претходно Ројтерс јави дека загинати се само осум лица, а најмалку шеесет се повредени, но бројката на жртви расте. Турските власти привремено забраниле медиумско известување од подрачјето каде е изведен нападот.
Гувернерот на Газиантеп Али Јерликаја за агенцијата „Анадолу њус“ изјави дека се работи за терористички напад. Експлозијата се случила за време на свадбена веселба на која имале многу луѓе. Се уште уште никој нема преземено одговорност на нападот.
Газиантеп се наоѓа на 64 километри од границата со Сирија и има околу 1,5 милиони жители.
Во северна Турција во изминатата година имаше неколку бомбашки напади со жртви, поврзани или со Курдските сепаратисти или со Исламската држава.
Пред седум недели во терористички напад на аеродромот во Истанбул беа убиени 45 лица.







