Published: Monday, August 22, 2016 15:42
Ирачката полиција во градот Киркук во Ирак, уапси момче обвиткано со експлозив, само неколку моменти пред да го активира.
На видео снимката од апсењето се гледа моментот кога двајца полицајци го држат момчето, додека трет внимателно му го вади експлозивот од појасот.
Медиумите наведуваат дека има 12 или 13 години и дека експлозивот го крие под дрес на фудбалерот Лионел Меси. Момчето за кое се сомнева дека планирало да го активира експлозивот пред џамија, потоа почна да плаче,по што специјалците го ставија во автомобил и го одведоа.
https://www.youtube.com/watch?v=0_byJI8zJl4





