Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ бара надзорна расправа во Собрание за поплавите

0
By Нова ТВ on August 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 23, 2016 12:23

Пратениците од СДСМ денеска упатија барање за Надзорна расправа до Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со Примената на законските и подзаконските прописи во областана заштита од поплави и хидрометеоролошките работи.

– 17 дена после поплавата од 6 август, ниту една институција не презема одговорност за страшните последици. Ниту еден орган, ниту еден функционер, ниту еден политичар од власта не ги извести граѓаните кои се причните за настанувањето на поплавата и зошто не беа спречени огромните штети по животитe и имотот на населението. Но, граѓаните многу добро знаат дека институциите се најодговорни за ужасот од поплавата. Знаат дека одговорностите лежат во Владата на Република Македонија, Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Транспорт и врски, Внатрешни работи, Животна средина и просторно планирање, но и во јавниот медиумски сервис. – рече Панче Орцев, пратеник од СДСМ и претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој обвини дека овие институции работеле спротивно на законите во областа на хидрометеорологија и заштита од поплави и со тоа донеле хаос во животите на населението.

– Одговорност за последиците од поплавата мора да има. Затоа, Собранието на Република Македонија треба во најбрз можен рок да организира Надзорна расправа на која пратениците ќе ги утврдуваат пропустите кои институциите и органите на власта ги направиле во делот на заштита од поплави и со тоа предизвикале огромни штети врз населението. Ги повикувам членовите на Комисијата, а особено мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ да го прифатат барањето за одржување Надзорна расправа за пропустите и одговорностите при справувањето со поплавите и со тоа да застанат во одбрана на граѓаните и законите – порача Орцев.

поплава СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.