НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Валкан договор за Комунална хигиена, што крие милионската зделка

2
By Нова ТВ on August 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу сомнежи отвори намерата на Јавното претпријатие Комунална хигиена да ги трампа своите деловни простории во центарот на Скопје со зградата на поранешен ФАС 11 октомври.

Извори на НОВАТВ велат дека огласот не само што бил креиран за фирмата Унитајарс Стил Импекс на бизнисменот Славе Распашковски да биде одбрана на повикот за размена на простории, туку целата зделка е во комплетна спротивност на интересите на јавното претпријатие. Не само што не е во ќар, туку градското претпријатие ќе има дополнителни трошоци по оваа бизнис зделка.

„Комунална хигиена нема база за возилата и со години истата ја изнајмува од Распашковски. Наместо сега да издвојат пари за купување на база, му ја купуваат старата зграда на Распашковски, демек била блиску до базата и тоа им одговарало. Базата не ја купуваат, туку останува негова за утре да ја понуди на Комунална хигиена за огромна цена, кога ќе реши Управниот одбор да ја купи.“, вели изворот на НОВА.

Апсурдот, вели нашиот извор, е што базата каде Комунална хигиена ги  чува камионите воопшто не влегла во договорот. Тие и понатаму ќе плаќаат кирија за возилата.

„Ним им треба база за возила, а тие купуваат административни простории“, вели изворот.

Како што објави вчера НОВА, Управниот одбор на Комунална хигиена на 22 јули донел одлука за размена на деловни простории со фирмата Унитајарс Стил Импекс. Јавното претпријатие на Распашковски му дава имот во Центар, а тој ја отстапува старата управна зграда на поранешната фабрика за автобуси ФАС 11 октомври.

14081406_10209712862394292_1086579026_n

 

Просториите на Комунална хигиена во строгиот центар на Скопје се проценети на 1.561.950 евра или по 1147 евра по метар квадратен. Додека зградата на фирмата Унитајарс Стил Импекс на бизнисменот Славе Распашковски во општина Гази Баба е проценета на 4.939.104 евра или по 915 евра за метар квадратен. Разликата меѓу овие две суми, или 3.377.000 евра, Комунална хигиена ќе му ја доплати на Распашковски.

Договорот ќе стане правосилен кога ќе помине на седница на Советот на Град Скопје. Оваа точка е ставена на дневен ред на утрешната седница на Советот.

Кој стави параф на договорот?

Од Комунална хигиена и денеска не одговорија на прашањата на НОВА, за тоа дали имало јавен повик за размена на простории, зошто е одбрана токму фирмата Унитајарс, дали е реална проценката на нивниот имот и која е економската логика за бизнис зделката.

Директорот на Комунална хигиена, Ракип Дочи, кадар на ДУИ, одбива да зборува за овој потег на јавното претпријатие.

На чело на Управниот одбор кој ја донел одлуката за договорот е Наташа Гребенарова Теофиловска, член на ВМРО ДПМНЕ и вработена во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. НОВА ја контактираше и оваа госпоѓа, но ни таа не сакаше да зборува.

Претседател на Надзорниот одбор е Мите Костов, а во него е член и Јовица Латиновски, син на градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, кој беше претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје на Унијата на млади сили.

Кои ќе бидат први комшии на Комунална хигиена?

Според документите од Катастар, другите објекти во кругот на ФАС 11 октомври, како и огромното земјиште, веќе се отуѓени. Сопственик на речиси целата фабрика, сосе објекти и земјиште е фирмата Комплекс Александрија од Скопје. Таа во ФАС поседува:

15000 м2 деловни објекти

8690 м2 дворно место

6293 м2 градежно изградено земјиште

12000 м2 земјиште под зграда

aa2

 

Компанијата Комплекс Александрија е всушност фирмата „Искра ММ“. До 2012 година сопственик на „Искра ММ“ беше фирмата „Базики лимитед“ од Белизе, која се наоѓа на истата адреса каде е лоцирано и седиштето на провладиниот портал „Република“.

aa

По многуте промени на сопствеништвата во оф-шор држави, сега сопственик на Александрија ДООЕЛ (од јануари 2016) е земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола. Како членови на неизвршниот одбор на директори во ЗК Пелагонија се јавуваат бизнисменот Орце Камчев, заедно со директорот на оф-шор компанијата „Ексико“ – Тодор Мирчевски, како и бизнисменот Цветан Панделески, татко на Дејан Панделески, кумашинот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Зошто токму ФАС 11 октомври?

Бизнисменот Славе Распашковски во 2003 година ја купи фабриката „ФАС 11 Октомври“. Фабриката беше задолжена и во лоша состојба, а Распашковски направи неколку неуспешни обиди за да ја рестартира и да го зголеми производството на автобусите.

Но ЈСП и Владата одлучи од Кина да го купува новиот возен парк, со што  ја закопаа судбината на оваа фабрика. Работниците останаа без работа, а на Распашковски му остана и кредит од 5,5 милиони евра кон Стопанска банка – Битола по што почна да се распродава имотот на „ФАС 11 Октомври“ откако се активираше хипотеката. Првите лицитации беа неуспешни.

Според деталниот урбанистички план „Ќерамидница 1“на местото на оваа фабрика предвидено е изградба на големи трговски единици, а се планира и пат кој преку „Ќерамидница“ ќе води до населбата Аеродром.

Освен деловни единици, за овој простор кај Ќерамидница е предвидена и изградба на станбени објекти. Општината од ова место кога го менуваше ДУП-от најавуваше развој и нова скопска елитна населба. Со оглед на фактот што градот Скопје овде ќе гради пат кој ќе ги поврзе Аеродром и Центар, како и тоа дека населбата, иако сега запоставена, е на добра локација и речиси до центарот на Скопје, бизнис интересите на многумина да се дограбат до просториите на ФАС не се зачудувачки.

 

 

 

 

 

Белизе Комплекс Александрија Комунална хигиена. ФАС 11 октомври Ракип Дочи Славе Распашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.