НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Турција уапсени петтмина македонски граѓани припадници на ИД

0
By Нова ТВ on August 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Турција се уапсени петтмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава, соопшти денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Чавков соопшти дека акцијата „Ќелија 3“ била спроведена од страна на турската полиција, во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, при што приведените државјани на Република Македонија од кои три од Куманово и две од Скопје, на организиран начин се обиделе да се приклучат кон терористичката организација. Во собиралиштето осомничените биле сместени заедно со уште четири лица од Албанија, Сирија, Палестина и Мароко и чекале поволни услови за трансфер во Сирија.

„Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. Според досегашните сознанија лицата биле претходно поттикнати и организирани од македонски државјани, џихадисти кои подолг период престојувале во Сирија, а осомничените заминале за Турција со цел приклучување кон муџахединските единици во Сирија“изјави  Чавков.

По приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул

Двајцата македонски државјани од Куманово на возраст од 21 и 24 година заминале за Турција на 22 ри минатиот месец со автобус, при што оствариле излез на Граничниот Премин Табановце, за потоа преку Ниш и Софија да пристигнат во Истанбул. Останатите  три лица (едно од Куманово и две од Скопје на возраст од 18, 19 и 20 години) заминале за Турција кон крајот на минатиот месец исто така со автобус, но преку Граничниот Премин Богородица. За две од лицата нивното исчезнување било пријавено и во полиција од страна на нивните родители.

ИД Македонци уапсени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.