Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска штотуку влезе во СЈО каде што според извори на НОВА денеска е повикана на распит. Таа во Обвинителството дојде без адвокат.
Милевска е втора личност која утринава се појави во ова Обвинителство откако нешто пред 11 часот СЈО забрзано го напушти бизнисменот близок до власта Орце Камчев.
Не е познато ниту за двајцата за кој предмет даваат исказ во Обвинителството.
Според наши информнации денеска на распит треба да се поави и екс министерот за транспорт Миле Јанакиески.
Против Јанакиески СЈО води повеќе случаи поврзани со кривични дела во врска со изборите, рушењето на „Космос“ на Фијат Цановски, а неговото име се слушна и во бомбите поврзани со провизиите во случајот „Кинески кредити“. Не е познато за што точно е повикана Канчевска Милевска, но познато е дека СЈО води и случаи врзани со набавките од проектот Скопје 2014.