Претседателката на Бразил Дилма Русеф вечерва беше симната од власт по гласањето на две третини на сенаторите во текот на долга контроверзна судско-политичка процедура. Причината за оваа интерпелација е сомнежот дека Русеф ги лажирала јавните трошоци на земјата и дека е вмешана во корупција со нафтениот гигант Петробрас.
Од 81 пратеници, 61 гласале за интерпелација на Русеф.
Русеф, која и припаѓа на левицата, беше избрана во 2010 година за претседателка на Бразил, најголемата земја на Латинска Америка.
На нејзино место доаѓа нејзиниот заменик Мишел Тремер од центар десната партија.