Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тачи и Ахмети ја одбија поканата на Иванов за Ватикан

0
By Нова ТВ on September 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 4, 2016 09:34

Али Ахмети и Мендух Тачи, лидерите на ДУИ и ДПА нема да бидат дел од големата делегација на претседателот Ѓорѓе Иванов меѓу која се и партиските лидери Груевски и Заев, кои  денеска ќе учествуваат на прогласувањето на Мајка Тереза за светица во Ватикан.

Од кабинетот на претседателот најавија дека член на делегацијата ќе биде и Али Ахмети, но во ДУИ велат дека причина за нивното неучество е тоа што делегацијата ќе биде предводена од претседател кој го сметаат за нелегитимен.

„Поканата е упатена до нас. Но, бидејќи делегацијата ќе биде предводена од претседателот Иванов, кој за ДУИ е нелегитимен, ние не прифативме да се придружиме на делегацијата која ќе ја претстави Македонија на канонизацијата на Мајка Тереза“, велат од ДУИ.

Претходно и од ДПА најавија дека и тие нема да бидат дел од македонската делегација.

СДСМ преку соопштениe утринава информира дека Зоран Заев е во дводневна посета на Рим, заедно созаменик претседателката Радмила Шекеринска и од членот на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Бартоломеј Кајтази.

Претседателот Иванов уште минатиот месец ги покани четворицата лидери на церемонијата во Рим „како одлична можност да покажеме единство пред македонските граѓани и меѓународната јавност“.

На свеченоста, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, градоначалникот на Град Скопје, како и член на семејството на Мајка Тереза.

Македонија, Албанија и Индија  во Ватикан ќе имаат посебно место на свеченоста, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.