Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пропаѓа ли обидот на БПХЛ за преземање на Макпетрол?

0
By Нова ТВ on September 5, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 5, 2016 10:50

Изминативе денови акцијата на Макпетрол на Македонската берза се тргува по цена повисока од цената што во намерата за преземање ја понуди анонимната офшор-компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“(БПХЛ).

Ова значи дека понудата на руско-украинската компанија регистрирана во Лондон сега  „виси“, затоа што на сопствениците на акции од Макпетрол им е поисплатливо да ги продадат своите акции слободно на берзата за повисока цена од понудената од БПХЛ и парите да ги земат веднаш, отколку да чекаат дали понудата ќе биде одобрена од КЗК  и дали таа ќе биде успешна, па потоа евентуално да им се изврши исплатата на парите.

Овој развој на настаните доаѓа два месеца откако непознатата компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, регистрирана во Лондон на 28 мај со почетен влог од само 1.000 евра, соопшти дека има намера да даде понуда за преземање на македонскиот нафтен гигант.

Како што во меѓувреме открија новинарите-истражувачи, луѓето поврзани со оваа компанија се дел од матните источноевропски бизнис-кругови, а со нивните имиња се поврзани низа скандали и обвинувања за корупција и перење пари во минатото. Сопствеништвото на компанијата потекнува од други фирми регистирани на Кипар и Британските Девствени Острови, а македонската јавност и натаму не знае кои се вистинските сопственици и од каде потекнуваат нивните пари.

Комисијата за хартии од вредност уште на 18 јули ја врати понудата на „БХПЛ“ на доработка поради некомплетна документација, а во јавноста се шпекулираше и дека офшор-компанијата нема обезбедено соодветна банкарска гаранција, што е основен предуслов за преземањето. Ниту една релевантна институција досега не ги демантираше овие шпекулации.

Според оценките на познавачите, одличните полугодишни резултати на Макпетрол, кој прикажа добивка од околу 1.8 милиони евра во првите шест месеци од годинава, но и рекордна продажба на нафтени деривати, во следниов период можат само да влијаат на зголемување на цената на акцијата на компанијата, што дополнително ќе го усложни обидот за преземање.

Покрај ова, важно е и тоа што Макпетрол проектира добри перспективи, а  консолидацијата на компанијата ќе значи дека акциите, кои сега се далеку под реалната цена, ќе растат не само на краток, туку и на среден рок, сметаат познавачите.

Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.