Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Потфрлија институциите во поплавите, потребна е одговорност

0
By Нова ТВ on September 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2016 15:57

Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на точно месец од поплавите во Стајковци, Сингилиќ, Арачиново и околината , се уште нема конечен биланс на жртвите за кои до денес според МВР се најмалку 23.

– Ниту една институција не ги отфрли неофицијалните информации за неколку пати поголема бројка на загинати. Не се знае бројката на исчезнати. Граѓаните се уште не можат да си го вратат животот во нормала. Еднократната парична помош за семејствата на загинатите се уште не е исплатена, а голем дел од поплавените граѓани не го имаат добиено ветениот аванс, изјави Шилегов.

Како што вели тој, со поплавите испливала на виделина неодговорноста и неспособноста на власта на Никола Груевски и Коце Трајановски во најсуровата форма – со ужасни последици.

– За невремето не предупреди ниту една од државните институции. Обиколницата кај Стајковци кобната вечер не беше затворена за сообраќај. Затоа многу граѓани останаа заробени во своите возила без помош, затоа имаше загинати. Следните денови единствено функционираше Ајфонот на Груевски кој замислуваше дека глуми во реалити шоу, потенцира портпаролот на СДСМ.

Тој нотира дека не бил испочитуван ниту Протоколот на ИНТЕРПОЛ за идентификација на жртви настрадани во катастрофа, со земање отпечатоци и ДНК анализа.

– Потфрлија институциите што ние граѓаните ги плаќаме за да не штитат.  Затоа, одговорност мора да има и ќе има, порача Шилегов.

На прашање на граѓанин за тоа до каде се парите, Шилегов вели токму поради тоа ги повикал и камерите на медиумите за да им кажат на граѓаните на Стајковци дека проценката не е завршена и пари нема.

– Паричните средства Владата треба да ги префрли и авансите и за неповратната помош, но во голем дел парите не се префрлени. Денес баш затоа сум тука да укажеме на заспаните да ги разбудиме. Конечно да почнат да ја работа својата работа, а не да лажат пред телевизија. Факт е дека тука не е во ред, порача портпаролот на СДСМ.

Петре Шилегов поплава СДСМ Стајковци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.