Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп ги нарече „катастрофални“ Германија и Франција и ја критикуваше неговата ривалка од Демократската партија, Хилари Клинтон, бидејќи, како што вели, таа сака да спроведе политика на отворени врати за бегалците по примерот на германската канцеларка Ангела Меркел.
-Погледнете ги резултатите од изборите, страшно се лоши. Луѓето велат Меркел ќе биде добро, но јас не мислам така. Уште пред две недели реков зошто таа да бдие во ред? Милиони луѓе отидоа во Германија, стапката на криминалот е неверојатна. Нивните проблеми се неверјатни, а Хилари Клинтон сака да биде американската Ангела Меркел, рече Трамп.
Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел, загубија на изборите во германската покраина Мекленбург – Западна Померанија, на кои нејзината партијата ЦДУ зеде трето место, зад антиимиграциска Алтернатива за Германија.
„Германија е сега катастрофа. Франција е катастрофа.”, изјави американскиот милијардер.