НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентски пленум: СПУКИМ потрошил ијадници евра за телефонски сметки

0
By Нова ТВ on September 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Огромни суми од буџетот на Студентскиот парламент се потрошени за телефонски сметки, забави, авионски карти и за плати на луѓе со истечен мандат, или чии функции не постојат според статутот на организацијата, стои во финансискиот извештај за 2014-2015 година, кој денес го обелодени Студентски пленум.

Средствата што ги добива СПУКИМ доаѓаат од буџетот на државата, од донации и од универзитетот, но најголем процент од средствата доаѓаат од студентите.

Според извештајот, во 2014/2015 година, СПУКИМ располагал со 2.650.000 денари, од кои 136.676 денари биле потрошени за в.д. претседателот Кирил Спировски, чиј мандат во тој период е истечен. Дополнително, плата земал и потпретседателот, кој како што нагласуваат од Пленумот, таква функција не постои во статутот на организацијата, односно фиктивно лице земало редовна плата.

– Во документите од Централен регистар, кои ги поднесовме до Ректорат и до јавноста, јасно се гледа дека Кирил Спироски воопшто не бил именуван за претседател тој период, а притоа земал плата – рече Теодора Столевска од Пленумот.

Според неа, студентската организација криминално, неодговорно и несолидарно ги трошела парите на студентите.

– Според извештаите, 181.000 денари биле потрошени за матичните факултети. Проблемот е што не знаеме на кој начин биле трошени парите. Понатаму, видовме дека за телефонските сметки потрошиле 342.250 денари. Она што е многу интересно е дека во еден наврат 62.000 биле потрошени само за една телефонска сметка. Дополнително, имаме информации дека за авионски билети, за само девет лица, биле потрошени 263.000 денари. Патувале во Израел, Москва, Ерменија и Латвија – подвлече Столевска.

СПУКМ Студентски пленум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.