НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

0
By Нова ТВ on September 10, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 37.пат стартува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. „Ослободување на Скопје“ е филмското дело кое свечено ќе го отвори фестивалот.

Овој филм се снимаше на повеќе локации низ Македонија а во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Македонската премиера на „Ослободување на Скопје“ ќе ја следат легендарниот Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Силвија Стојановска, Мико Ноусаинен, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула, Аксел Мехмед и друга бројна публика.

На свеченото отворање, на оскаровецот Џон Сил ќе му биде врачена златна „Камера 300“ за животно дело, а писмо од Роби Милер ќе прочита Клер Пијман, негова соработничка и авторка на документарен филм за Милер.

– Првиот и најстариот фестивал на кинематограферите од светот ќе понуди исклучително квалитетна програма, а ќе одржат и свој конгрес. Тоа е потврда за концептот и рецептот за уште едно незборавно фестивалско издание, истакна директорот на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, Благоја Куновски пред вечерашното свечено отворање.

Фестивалската програма годинава ќе се реализира во повеќе објекти на националните културни установи во Битола како што се Музејот, Магазата и Центарот за култура во чии сали ќе бидат емитувани над 150 филмски проекции во различни категории.

Филмовите ќе ги оценува меѓународно жири предводено од Федон Папамихаил, годинешен добитник на специјална „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

– Фестивалот годинава се одржува под мотото „Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“, а свеченото отворање го режира Мартин Кочовски кој ангажира актери од битолскиот и прилепскиот театар, студенти од ФДУ и гимназијалци од овој град кои во своите перформанси ќе бидат придружувани од групата „Фолтин“.

Годинава се акредитирани над 120 новинари и други медиумски екипи од Македонија, но и од Словенија, Грција, Франција, Босна и Херцеговина и Србија.

„Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.