Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затвореници: Зградата во Идризово ќе се урне на наредниот потрес

0
By Менче Атанасова Точи on September 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 13, 2016 15:19

Затворениците во затворот Идризово бараат да ги пуштат надвор во дворот при секое тресење на земјата бидејќи стравуваат дека  старата зграда во која што се сместени ќе им се урне над глава. Четирите столба веќе биле пукнати, а затворениците  се плашат дека зградата која е стара повеќе од 100 години може да им се урне над глава.

Затвореници со кои контактираше НОВА тврдат дека за време на неколкуте потреси од земјотресот настанала голема паника, зидовите испукале и иако барале да ги пуштат во дворот вратите останале заклучени.

„Сакаме да не пуштат во дворот кога има земјотрес. Бевме во паника кога се случија двата силни потреси. Без разлика што сме осуденици, ние за тоа си ја издржуваме казната. Треба да не третираат како луѓе, да се почитуваат човековите права„изјави з а НОВА  еден од затворениците. Тој отслужувал дел од казната и во странство и вели дека односот кон затворениците тука и таму е неспоредлив.

Дури синоќа кога поминал посилниот потрес кој се случи околу 20 часот, а затворениците се побуниле, чуварите ја отклучиле вратата. Денеска се повторно заклучени во нивните соби. Тие испратија неколку видеа, од кои се гледаат катастрофално лошите услови во затворските ќелии каде некаде престојуваат и по 13 луѓе заедно.

„Во ќелијата каде што престојувам сме седум луѓе но, тука се е испукано. При најмал потрес зградата ќе се урне врз нас“, вели друг затвореник.

Во Идризово постои уште една нова зграда, но затворениците велат дека  таму не престојува ниту еден затвореник. Велат дека надлежните треба што побрзо ја оспособат и да ги префрлат таму.

НОВА се обрати до директорот на затворот Живко Пејковски, кој рече дека постојат протоколи во такви ситуации. Но, не објасни кои се тие протоколи кои важат за време на земјотрес.

„Има протоколи во такви ситуации, обратете се во Управата за извршување на санкции да ви објаснат“, рече кратко Пејковски.

Тој потврди дека новата зграда се уште не е пуштена во употреба бидејќи не била довршена целосно. Но, најави дека наскоро ќе профункционирала.

затвореници земјотрес Идризово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.