Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристевска-Јорданова: И кога ја нема, за правдата мора да се зборува

0
By Влатко Чаловски on September 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 15, 2016 16:15

Мора да зборуваме за правадата во оваа држава и тогаш кога ја нема – за да се избориме да ја има.

Ова е пораката на директорката на Институтот за европска политика – Скопје, Малинка Ристевска-Јорданова, упатена денес за време на одржувањето на иницијалната конференција од проектот за следење на владеењето на раст во областа на правдата од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020.

„Ова е прв проект во којшто невладините организации се вклучуваат во следењето на регионалната агенда од областа на правдата. Според стратегијата, тоа е поинаку од она што го слушаме секој ден, покрај квалитетот и ефикасноста на судството, што е елемент којшто редовно е актуелен. Има и неколку други елементи што многу ги забораваме, а во контекст на регионалната соработка се ставаат со цел раст, а тоа е прекуграничната соработка, во извршувања, стечај и еден многу важен дел што е присутен во јавноста во последно време, а тоа е алтернативно решавање на споровите, односно медијацијата“, изјави Ристевска-Јорданова.

Одговарајќи на прашањето на НОВА, да ли воопшто може да се зборува за правда во земја во која беше потребен специјален правен орган, таа одговара дека и тогаш кога ја нема, мора да се зборува за правдата како стремеж кон неа.

Проектот  го спроведува Институтот за европска политика, а донатор е Регионалниот совет за соработка.

„Стратегијата за Југоисточна Европа 2020, на која Република Македонија е потписник, се фокусира на создавање работни места и европска перспектива преку зголемена регионална соработка. Стратегијата е поделена на пет столба; еден од нив е владеење за раст, а исполнувањето на оваа Стратегија претставува важен чекор во понатамошната евроатлантска интеграција на државите од регионот“, вели Дарко Малиновски објаснувајќи дека во областа правда, која ќе се следи со овој проект, стратегијата идентификува три приоритети, односно квалитет, ефикасност и компетентност на судовите и судиите.

Проектот ќе се одвива до декември годинава, а во него ќе бидат вклучени релевантни невладини организации, институции и експерти од областа на правосудството.

Малиновски дополни дека носителите на проектот тогаш ќе изготват документи за јавна политика за секој од овие приоритети.

Земјите кои се вклучени во проектот се Македонија, Србија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и БиХ.

ЕПИ ЈИЕ 2020 правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.