НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талат Џафери: Катица ни под разно не може да бара измена на закони

5
By Нова ТВ on September 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Талат Џафери

Дали ДУИ бара изговори за да не ја поддржи работата на Специјалното обвинителство преку блокирање на измените на законот за заштита на сведоци?

„Обвинителката ни под разно не може да бара измени на законите, бидејќи не е надлежна за тоа. Може да бараат тие што се надлежни за тоа“.

Вака за НОВА, Талат Џафери од ДУИ ја коментира изјавата на Јанева, која вчера апелираше до законодавниот дом да ги донесе измените на законот за заштита на сведоци кои ги поднесе СЈО. Обвинителката изјави дека измените се клучни за нивната работа, за да може оваа институција да навлезе во сржта на предметите за Мартин Нешковски, „Монструм“ и „Сопот“.

На прашањето дали ДУИ ќе ја поддржат иницијативата на Јанева, со оглед на тоа што јавно велат дека целосно ја поддржуваат работата на СЈО, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Џафери, вели дека треба да се разделат две различни работи кога се работи за нивната поддршка на оваа институција.

„Една е поддршката за СЈО според законот кој е изгласан. А друго е тоа што формално како барател не може да се појави СЈО. Иницијатива може да има секој. А предлог е друго. Предлог за измени може да поднесат 10 илјади граѓани. Не сум добил таква иницијатива како координатор на пратеничката група на ДУИ. Кога ќе ја добијам, тогаш ќе коментирам дали ќе поддржиме“, вели Џафери за НОВА.

И покрај тоа што уште пред неколку месеци Специјалното обвинителство побара измени на овој закон, кој треба да ги засили ингеренциите на обвинителството при заштита на сведоци, засега партиите немаат голем интерес за изгласување на иницијативата.

Од СЈО се жалат дека тие се соочуваат со проблеми за да одговорат на барањата на заштитените сведоци и неможноста да обезбедат целосна заштита. Повеќе за тоа што всушност бара СЈО од Собранието во сториите на овие два линка.

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски за НОВА вели дека тие ќе се произнесат за иницијативата на Јанева, кога целосно ќе ја разгледаат.

Фото: Фокус
Фото: Фокус

Но како е можно двете партии на власт се уште да ја немаат разгледано иницијативата за измена на законите, кога таа е поднесена уште пред неколку месеци. Дали зад ова се кријат обиди за блокирање на работата на СЈО?

„Кога ќе завршиме со анализа, ќе се произнесеме, многу постапки кои презеде СЈО изминатиов период покажаа дека станува збор за непрофесионализам, пристрасно и необјективно работење. Тие сами си ја блокираат работата со бркање на две обвинителки без образложение. Поентата е дека законите се изгласани, ако важат за другите обвинители тогаш треба да важат и за нив“, вели Котевски за НОВА.

Ставот на СДСМ по прашањето е познат. Според координатор на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, СДСМ може да ја покрене иницијативата, но само со нивните гласови таа веднаш ќе падне.

„За да биде поддржана потребни се сите до еден, гласови заедно, и на ДУИ и на ДПА. СДСМ за џабе ќе ја покрене процедурата доколку на крајот не се изгласаат потребните измени“, изјави неодамна Сугарески за НОВА.

Од ДПА засега не се достапни за коментар, дали тие ќе ја подржат иницијативата за измена на законот за заштита на сведоци.

ДУИ – навидум неутрални, во пракса со ВМРО-ДПМНЕ

Политиката на албанската партија во власта – ДУИ секогаш од петни жили се труди да покаже целосна координираност, па дури и послушност пред меѓународниот фактор. ДУИ често сака да биде виден како разумниот владин партнер, целосно неутрален и неповрзан со обинувањата кои се упатени на сметка на власта. Тие го добија и епитетот „амбасадата ДУИ“, како што често ги нарекува јавноста кога сака да се пошегува на нивна сметка, заради непреземањето одговорност како еднаков долгогодишен партнер во власта, а не неутрален надворешен набљудувач.

Но колку се тие навистина неутрални, кога праксата покажува дека најчесто чекорите кои ги преземаат завршуваат со поддршка за нивниот партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот аналитичар Џелал Незири вели дека ДУИ секогаш игра на две карти и никогаш нема јасен став за одредено прашање.

Џелал Незири

„Оваа партија долго време јава на две коњи кои се движат во спротивни насоки. Ова ситуација психолозите ја дефинираат како когнитивна дисонанца, која подразбира истовремено  коегзистирање на две сосема различни реалности кај една иста личност, во конкретниот случај партија. ДУИ го гласаше законот за СЈО и јавно се залагаше за истрага на сите корупциски афери, но не е толку заинтересирана да ги поддржи овие измени, кои ќе обезбедат автономност во работата на СЈО. ДУИ пред меѓународната заедница и јавноста декларативно се залагаше за спроведување на „Пржино“, но во јануари гласаше да се распушти Собранието, иако јавноста и дипломатите оценуваа дека не се исполнети обврските за фер и демократски избори. ДУИ која гласаше за распуштање на Собранието, во мај поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на истата“, вели Незири.

Според него во најкритичните моменти, ДУИ е играч на меѓународната заедница, за потоа да биде верен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено секогаш ги држи отворено вратите за коалиција со СДСМ.

„Оваа нивна политика, не придонесува кон решавање на проблемите, туку може да служи како средство за купување време во политичките процеси. Едно вакво однесување нема никаква врска со јавниот интерес, со интересот на поддржувачите на ДУИ, туку е потикнато од личности и кланови во ДУИ заради зачувување на лукративните интереси кои се поврзани со власта“, вели Незири.

Дали и сега се работи за слична игра? Иако декларативно даваат поддршка за СЈО, дали ДУИ бара изговори во процедуралните термини, за да не ја поддржи неговата работа преку блокирање на измените на законот за заштита на сведоци?

Преостанува уште малку време за да се дознаат одговорите на овие прашања, со оглед на тоа што заради изборите, Собранието ќе мора да се распушти на 11-ти октомври.

Заев: Не коалицирам со ДУИ пред избори

Јавноста ги слушна бомбите каде се водеа разговори помеѓу функционерите на власта кои барем одблиску даваат слика за односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. „Каменот од блиску доаѓа“, од разговорот помеѓу тогашниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и екс вицепремиерот Муса Џафери, стана легендарно сведоштво за тоа како функционира често нарекуваната „тендер“ коалиција.

Но сепак, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ поретко се среќаваа во бомбите кои ги објави опозицијата. Во јавноста ова често пати беше толкувано како штедење на оваа партија и оставање подотворена врата за идна коалиција со СДСМ.

Во интервју за НОВА, Зоран Заев ги негираше ваквите тези. „Јавно кажувам корумпиран е и делот на ДУИ и бегање од тоа нема. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ делеле пари и сопственост на Македонија и граѓаните. Ако е некој инволвиран во криминал не може да биде амнестиран“, рече Заев додавајќи дека пред избори со ДУИ нема шанси за коалиција бидејќи тие не направиле реформи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.