Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заштитените сведоци се плашат за својата безбедност

1
By Нова ТВ on September 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2016 17:24

Блокираните измени на законите за заштита на сведоци и приватноста ја блокираат работата на СЈО, кое треба да даде гаранција за безбедност на сведоците. 

Текстот е достапен на албански јазик на следниот линк.

Во Специјалното обвинителство постојано се нудат луѓе кои сакаат да бидат заштитени сведоци, но се плашат за својата безбедност, дознава НОВА.

Сепак, во моментот СЈО не може да им понуди соодветна заштита, заради немањето ингеренции за определување на статусот на заштитен сведок во предметите кои ги води ова обвинителство.

Поголеми ингеренции за обвинителството треба да обезбедат измените на Законот за заштита на сведоци и Законот за приватноста, кои се целосно блокирани во Собранието.

Иако уште во април СЈО поднесе иницијатива за измени на законот за заштита на сведоци, за да може да ја гарантираат безбедноста на оние кои сакаат да соработуваат со ова обвинителство, пратениците се уште го игнорираат нивното барање.

Препораките на Венецијанската комисија на „игнор“

За законите за приватноста и „свиркачите“ пак, со свое мислење излезе и Венецијанската комисија, по барање на македонските власти.

  • Законот за заштита на приватноста треба да дозволи објавување материјали кои ја тангираат јавноста и отвораат прашања од јавен интерес, со некои тесно дефинирани исклучоци, кои се однесуваат на јавните објавување на информации за интимните аспекти на приватниот и семејниот живот.
  • Не треба да се исклучи објавувањето на такви материјали кои допираат прашања од јавен интерес, а ефективноста на специјалниот обвинител треба да биде обезбедена од страна на државата преку соодветен мандат, надлежности, финансиски средства и број на вработени;

Ова се дел од забелешките на Венецијанската комисија која препорача сериозна и длабинска ревизија на законот бидејќи тој не дава соодветна рамнотежа помеѓу личниот интерес и интересот на јавноста да биде информирана.

Професорот Светомир Шкариќ во интервју за НОВА, истакна дека Венецијанската комисија се вклучи во тој процес на барање на нашиот амбасадор во Советот на Европа.

„Беше замолена Венецијанската комисија да направи стручна експертиза на законот за заштита на приватноста, кој нашиот парламент го донесе во ноември 2015 година, во пакетот од Пржинскиот договор, заедно со законот за свиркачите. Тие открија многу недостатоци во тој закон за заштита на приватноста и бараат преку СЈО, да се вградат од страна на Собранието нивните сугестии. Нивната прва и најзначајна сугестија, е дека јавниот интерес има предност во однос на приватниот интерес. Иако законот за заштита на приватноста, заштита на личноста и на семејството има неспорна вредност и од гледиште на Европската конвенција, сепак, ако во разговорите што се водат во таа приватна сфера постојат некои индиции, кои го загрозуваат јавниот интерес или индиција за кривично дело, во таков случај тоа не може да има статус на приватен  интерес и мора да биде објавено во јавноста, новинарите се должни тоа да го изложат“, вели Шкариќ.

Венецијанската комисија побара за новинарите кои пишуваат за овие прашања да нема никаква забрана. Сегашниот закон за заштита на приватноста, им забранува новинарите да пишуваат за снимките кои се уште не се објавени.

„Дури имаше интенции и да се забранат и веќе објавените снимки, имаше таков предлог и барање за кој Венецијанската комисија не може ни да помисли. Не може нешто што е од јавен интерес особено ако е врзано со криминал, да биде ставено ад акта“, вели Шкариќ.

„Бомбите“ да станат докази

Втор значаен елемент кој го побара Венецијанската комисија повикувајќи се на американската правна практика, е снимките од објавените „бомби“ или пак од евентуално нови снимки кои ќе протечат во јавноста, а се од јавен интерес, да може да се користат и како доказен материјал.

„Врховниот суд на Америка ги користи како доказен материјал и ова е сосема логично. И Европскиот суд за човекови права се повеќе оди на таа линија. Треба прво да се имплементираат во законот за заштита, кој во оваа фаза според Венецијанската комисија е тесен, затоа ги дава сугестиите да се подобри законот и СЈО да може да има поширок простор за делување, но со тоа ќе добие многу и правото и демократијата во Македонија. Тој баланс помеѓу приватниот и јавниот интерес на пример, не е застапен во Кривичниот законик во Македонија, а нашите судови се повикуваат на Кривичниот законик, што е еден догматски приод кој ги оспорува снимките како доказен материјал. Тоа е тесен приод. Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права и Американскиот Врховен суд одат пошироко и ние тоа мора да го прифатиме“, вели Шкариќ.

Според пратеникот Павле Трајанов, досега требаше измените на двата закони да поминат на Собрание, но очигледно е дека владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не се сложуваат да има механизам за заштита на сведоци.

„Тоа е голема пречка за СЈО, тешко ќе одат активностите околу прибирање на правни докази од криминалот, за кој постојат очигледно. Има примери во светската правна пракса каде се користат такви докази во судска постапка и тоа прашање додека не се расчисти, виси во воздух.Тие материјали се основа за да се докаже криминалот, тие упатуваат на други докази кои треба да се обезбедат и тие докази нема никаква пречка да бидат користени. Се она што е врзано за активноста на високи државни јавни функции а се работи за нивно криминално однесување тоа ниту може ниту смее да биде скриено за граѓаните“, смета Трајанов.

НОВА анализираше дека СЈО се осамени во битката за заштита на сведоците, поради тоа што партиите немаат голем интерес за изгласување на измените на законите. Прашањето повторно го актуелизираше смртта на Коста Крпач кого полицијата го пронајде починат во неговиот стан. Тој се најде на листата на аболирани  од  Иванов и се поврзува со бомбата број 15, односно со набавката и митото за израелската опрема за прислушување.

Од СЈО изјавија дека Крпач воопшто не бил осомничен во ниеден предмет туку се пријавил за сведок, па оттаму е нејасно зошто Иванов го аболираше.

Портпаролка на СЈО,  Ленче Ристовска неодамна информираше дека тој со изјава им укажал дека примал закани, но за тоа какви и од кого не прецизираше, со цел да не се попречи истрагата и за неговата смрт која ја води Основното обвинителство.

Таа исто така за НОВА ги потврди информациите дека во домот на началникот на Петтата управа Горан Грујевски, кој е прво осомничен за уништување на опрема за прислушување, бил пронајден тефтер.

Иако не сакаше да ја коментира содржината на тефтерот, посочи дека тие имаат информации дека вработените во СЈО биле следени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.