Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ борбата против тероризмот можеби ќе ја почувствува и Македонија

1
By Светлана Јовановска on September 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 19, 2016 12:48

Европската борба против тероризмот можеби наскоро ќе ја почувствуваат и граѓаните на Македонија и на другите земји кандидати за членство.

Етиас (European Union Travel Information and Autorisation System) би требало да биде името на новиот систем на ЕУ кој како јајце на јајце наликува на системот со кој САД им дозволуваат влез во земјата на странците, без оглед дали им е потребна виза или не.

Прв и најголем приоритет на ЕУ е борбата против тероризмот и обезбедување на нејзините надворешни граници. Така, ЕУ размислува да им наложи на сите лица од трети земји да минат низ систем на дозвола за влез во земјите членки на Шенген зоната. Тоа во пракса значи дека патникот треба да пополни на интернет формулар со кој се регистрира и потоа добива или не дозвола да патува на својата дестинација. Во САД овој систем наречен ЕСТА чини 14 долари за секој патник.

ЕУ размислува да им наложи на сите лица од трети земји да минат низ систем на дозвола за влез во земјите членки на Шенген зоната. Тоа во пракса значи дека патникот треба да пополни на интернет формулар со кој се регистрира и потоа добива или не дозвола да патува на својата дестинација.

Идејата стаса од Германија и Франција. Нивните министри за внатрешни работи го најавија системот уште на 23 август годинава. А темата беше обработена во еден документ на Европската комисија (ЕК) уште во април годинава. Документот се вели дека информациите прибрани преку овој систем ќе и овозможат на граничната полиција подобро да го оценат можниот ризичен профил на патникот кој влегува во ЕУ за кус престој. Овој систем веќе постои во САД, Канада и Австралија.

“Системот за дозвола за патување е заснован врз интернет барање во кое барателот треба да даде детали за идентитетот, контакт детали, цел на патувањето, маршрутата на патувањето итн пред да тргне на пат. Кога ќе добие дозвола, граничните процедури ќе се одвиваат побрзо и полесно”, се вели во априлскиот документ на ЕК.

Голем дел од европските земји се соочени со ризик од терористички напади и со огромен број бегалци од Сирија и Ирак каде што делува терористичката организација Исламска држава.

Доколку во една земја кандидат се утврди дека има многу радикализирани лица и повратници од Сирија и дека државата не го контролира доволно овој феномен, ЕУ би можела да го воведе овој систем и за земја која е ослободена од визи.

Париз и Берлин се надеваат дека поголема контрола на надворешните граници како и поефикасна размена на разузнавачки информации помеѓу земјите, би требало да го намали ризикот од тероризам. И да ги спречи повратниците од Сирија да влезат на европска територија. Во терористичките напади во Париз и Брисел на 13 ноември 2015 година и на 22 март годинава беше утврдено дека некои од терористите, иако граѓани на ЕУ, се радикализирале и престојувале во Сирија и Ирак.

Тие се надеваат исто така да ова ќе го намали и влијанието на екстремно десните популисти кои го користат овој ризик и привлекуваат гласачи ветувајќи дека ќе ги спасат граѓаните од можни терористички напади.

Така, Париз и Берлин побараа од ЕК до крајот на година да направи предлог за воведување на Етиас системот и да ги разработи деталите.

Прашањето кое не интересира нас е дали овој систем ќе важи за земјите кандидати за членство но засега нема одговор. Според изворите на НОВА во Брисел тоа најмногу зависи од состојбата во земјата кандидат. Така на пример, доколку во една земја се утврди дека има многу радикализирани лица и повратници од Сирија и дека државата не го контролира доволно овој феномен, ЕУ би можела да го воведе овој систем и за земја кандидат која е ослободена од визи.

Според Париз и Берлин, на надворешните граници на ЕУ ќе има зајакната контрола се додека нивото на ризик тоа го бара. Двете земји бараат исто така примена на одлуката донесена пред една година за европски чувари на границите, копнени и морски. Франција и Германија веќе обучија околу 400 полицајци кои ќе бидат дел од ова тело.

 

визи ЕУ тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.