Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тактизирањето на институциите околу Макпетрол е притисок врз Телма

0
By Нова ТВ on September 20, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 20, 2016 10:38

Тактизирањето на институциите околу преземањето на Макпетрол и одолговлекувањето на процесот на одлучување во Комисијата за хартии од вредност ќе биде притисок не само врз Макпетрол, туку и врз телевизија Телма. КХВ вчера реши да ја запре постапката и одговорноста за одлуката да ја префрли врз друг државен орган, кој не го открива.

Со ова, како што објавува сајтот biznisvesti.mk се отвора простор целиот процес да се одолжи со месеци – период во кој самата неизвесност околу случајот ќе претставува притисок врз работењето на една од ретките независни и објективни телевизии во државата. Сомнежите дека во одлуката на КХВ се вмешани и политички фактори се зголемуваат ако се знае дека претстојните месеци се дел од чувствителниот предизборен период, во кој поради калкулантскиот однос на институциите, телевизијата ќе влезе во атмосфера на несигурност околу својата иднина.

Всушност, уште од самиот почеток на целиот случај се појавија сомневања дека обидот за преземање на Макпетрол може да има сериозни импликации и врз телевизија Телма. Самиот факт што токму офшор-компанија, со потекло од Британските Девствени Острови, се обидува да го преземе Макпетрол, во чија сопственост е Телма, претставува опасност по постоењето на телевизијата. Според македонскиот Закон за медиуми, офшор-компании не смеат да имаат удел во сопственоста на еден медиум, што во писмен допис до Телма го потврдила и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Домашно правно лице чии основачи се и странски лица регистрирани во земји во кои согласно со прописите на тие земји не е дозволено или не е можно да се утврди потеклото на основачкиот капитал, не може да врши радиодифузна дејност, согласно со овој закон ниту да се стекне со удел во сопственост на радиодифузер“, стои во член 35 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Ова практично значи дека доколку се случи преземањето, Телма ќе мора или да биде продадена во краток рок или да згасне, што ќе претставува уште еден силен удар врз објективното и независно новинарство во Македонија.

Имајќи ги предвид механизмите на политичките притисоци кон медиумите во државава, кои јавноста имаше можност да ги види на дело во многу случаи досега, станува јасно дека обидот за преземање на Макпетрол не е само обид за внесување на мала врата на сомнителен странски капитал во земјава. Калкулантскиот и несериозен однос на институциите кон овој случај „мириса“ на перфиден напад врз сржта на објективното информирање, клучно за демократскиот амбиент во секоја земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.