Врховниот суд треба да се произнесе во корист на Специјалното јавно обвинителство во однос на нивната жалба откако Апелационио суд го укина неговиот куќен притвор, одговори шефицата на СЈО, Катица Јанева, на пратеничко прашање од опозицијата кои се нејзините очекувања по однос на жалбата.
-Жалбата на СЈО Врховниот суд треба да ја прифати според законите, рече Јанева
Пратеникот од СДСМ, Васко Ковачевски, праша и дали постојат други предмети за Талевски.
-Во досега обработените 12 отсто од материјалите друг предмет нема за Талевски, но има предмет за којшто СЈО не се надлежни и беше вратен во обвинителството во Битола, одговори Јанева ии ги повика пратениците за другиот предмет да го прашаат Марко Зврлевски, државниот јавен обвинител кој е во парламентот со неа.