НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Вељаноски го контролира протокот на информации од Собранието

0
By Нова ТВ on September 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со забраната на телевизиите да вршат директен пренос од седниците и од комисиите на Собранието, се контролира протекот на информации и тие селективно се пренесуваат до јавноста, велат од Здружението на новинари на Македонија за агенцијата Мета.

– Сметаме дека намерата на спикерот на Собранието е да го контролира протекот на информациите и селективно да ги пренесува до јавноста. Расправите што ѝ одговараат на власта ќе се пренесуваат во живо, а другите ќе се емитуваат во доцните вечерни часови. Собранието како претставничко тело на граѓаните треба да биде пример за транспарентност. Ако седниците на Собранието и на комисиите се јавни, тогаш нема никаква причина тие да не можат да се пренесуваат во живо. Ако може Собранискиот канал во живо да ги пренесува седниците, тогаш зошто не би можеле и другите медиуми. Правото за примање и за пренесување на информации може да се ограничи само ако со тоа за заштитуваат легитимни интереси. Нејасно е какви интереси штитеше Собранието кога одлучи да не им дозволи пренос во живо на колегите од „Нова ТВ“ – велат од ЗНМ.

Од здружението потсетуваат и на случајот на 24 декември 2012 година, кога новинарите беа насила избркани од собраниската галерија, а собранискиот канал ги исклучи камерите.

– Нема унифицирана практика во европските земји за начинот на пренесување на седниците на Собранието и на работните тела. Кај нас во ниту еден закон или деловник стриктно не се забранува стримингот од седниците на Собранието и на комисиите, а во такви ситуации, сè што не е забрането со Устав и со закон е дозволено. Власта сака да има монопол на вистина и да одлучува кои расправи од Собрание јавноста ќе може да ги следи во живо, а кои не – велат од ЗНМ.

Изминатава недела на „НОВА ТВ“ и на радио „Слободна Европа“ не им беше дозволено да вршат пренос во живо од седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

ЗНМ Насер Селмани НОВАТВ Собрание Трајко Вељаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.