НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјализанти: Директорите од ДУИ не ги потпишуваат договорите

0
By Нова ТВ on September 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 20 млади лекари поднесоа претставка до министерот за здравство Никола Тодоров бидејќи цел месец не можат да работат и специјализираат поради директорите од ДУИ кои одбиваат да ги потпишат нивните договори.

Тие се група на специјализанти од конкурсот за кофинансирање на приватни специјализации кои треба да бидат примени на ТОАРИЛУЦ, Клиниката за детски болести, како и болниците во Струга, Гостивар и Тетово. Во јули  договорите биле потпишани од нивна страна, од министерот за здравство и од организациониот директор на ТОАРИЛУЦ, но директорот Реџеп Селмани како и директорите од споменатите болници, не сакаат да ги потпишат договорите.

„Од за нас непознати причини директорот веќе два месеца не сака да ги потпише договорите без концизно образложение, со што ни нанесува материјална и нематеријална штета. Во меѓувреме на другите кандидати избрани на конкурсот во други ЈЗУ, договорите им се потпишани и тие работат од месец август“ , се вели во претставката.

Специјализантите бараат од министерот Тодоров да бидат известени зошто директорите одбиваат да ги потпишат договорите и дали има законска пречка за тоа.

договори ДУИ специјалзанти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.