Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врие во Брегалница: Истепан новиот тренер од Турција

0
By Нова ТВ on September 29, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 29, 2016 15:12

По поразот на свој терен од Македонија ЃП, последнопласирана екипа на табелата во фудбалскиот шампионат, новиот тренер на Ф.К. Брегалница вчера беше нападнат од раководството на клубот. Претседателот на Брегалница, Мите Митев и директорот на клубот, Иле Колев од една страна се степале со турскиот тренер Јуксел Јесилова.

Штипјани загубија во Кочани со 2:1. Инцидентот се случил по завршување на мечот, на патот Кочани – Штип кај селото Крупиште.

Јесилова се движел со своето „Порше“ кое го управувала неговата сопруга во кое било и 9 годишно дете. Во еден момент пред се испречил „Мерцедес“ во кој биле Колев и Митев. Двајцата излегле од возилото и со шипки во рацете се упатиле кон тренерот на клубот, со кој најпрво почнала вербална расправија, која прераснала во физичка премсметка. Настанала турканица по што Јесилова и Колев паднале во каналот кој се наоѓал покрај патот.

Двајцата биле пренесени во болница каде им се констатирани телесни повреди. Од полицијата соопштија  дека со Колев и Јессилова се извршени разговор во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Мечот во Кочани за штипјани сомнителен?

Неофицијално како причина за нападот се наведуваат многубројните несогласувања во фудбалскиот клуб. Дел од медиумите пренесуваат гласини за можно лажирање на натпреварот, бидејќи „двојката“ убаво се плаќала во спортските обложувалници ширум светот. Коефициентот за победа на скопскиот клуб, кој беше аутсајдер во мечот, достигна и до 6.

14202529_752734814864970_5853494719390655060_n

 

Интернет порталот „Екипа“ објави дека раководството на клубот, Митев и Колев, денеска си поднеле оставки.

„Ниту сме нападнале некого, ниту дадовме понуди за купување на Брегалница. Не сме воопшто заинтересирани за тоа. За доброто на овој клуб, сметаме дека нашето место не е повеќе тука и  поднесовме оставки од нашите функции“ – изјавил Мите Митев за Екипа.

 Јесилова дојде во Брегалница пред помалку од два месеци, иако официјално клубот се уште не е продаден и е во сопственост на општина Штип. Во понеделник е закажано јавно отворање на понудите на јавниот повик на локалната самоуправа за продажба на клубот. НОВАТВ веќе пишуваше за сомнителното отуѓување на Брегалница, која наводно треба да падне во турски раце.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.