Петра Квитова е победничка на ВТА турнирот во Вухан, Кина, што е играше за награден фонд од 2,5 милиона долари.
Чешката тенисерка во финалето ја декласира Доминика Цибулкова од Словачка со 6:1, 6:1 за прв трофеј во сезоната и парична награда од 471.000 доолари.
Нејзината сонародничка Кристина Плишкова го освои турнирот во Ташкент, Узбекистан, вреден 227.000 долари.
Во мечот за титулата таа беше подобра од Јапонката Нао Хибино, бранителка на тронот, со 6:3, 2:6, 6:3.