Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тајните служби треба да бидат под надзор на граѓаните

0
By Влатко Чаловски on October 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 3, 2016 14:01

Во рамките на научно-стручниот собир на тема „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Македонија во кризна и сложена безбедносна состјба“, доц. д-р Марјан Ѓуровски потсети дека тајните служби во земјата мора да бидат под надзор на граѓаните.

Како што вели тој, потребно е рестирање на безбедносниот систем на Република Македонија со оглед на тоа што дел од системот во моментов е на „апарати за вештачко дишење“.

– Дел од системот во моментов е на „апарати за вештачко дишење“. Суштинска е потребата од редефинирање на дел од институциите врз основа на седум столбови кои ќе обезбедат консолидација на ресурсите, ажурирање на безбедносната политика и ризици, професионализација, донесување на закон за интегрална безбедност, односно создавање на безбедносна заедница,  изјави Ѓуровски во рамките на конференцијата.

Тој потенцираше дека во изминатите 25 години, меѓу дугото, рак на македонската демократија е недостатокот од демократска и цивилна контрола на тајните разузнавачки служби.

– Со оглед на тоа што тајните безбедносни служби се скапа алатка во рацете на политичките елити, нужна е безбедносна контрола на сите вработени во разузнавачките и контраразузнавачките служби и формирање на граѓански совет со зголемени ингеренции во рамките на Собранието со цел да имаме јасна и демократска контрола на службите и нивно обединување за да бидеме функционална демократија и да немаме злоупотреби на основните човекови права, ургира Д-р Ѓуровски.

Одговарајќи на новинарско прашање на НОВА, дали е дозволиво да се набавуваат опреми од страна на тајните служби под закрила на “класифициран документ“, како што е случајот со ФинФишер софтверот, Ѓуровски одговара дека транспарентноста е клучна во вакви случаи.

– Транспарентноста е основен елемент во работењето на безбедносниот систем и опремата (ФинФишер) и опремата за модернизација на АРМ се за поздравување, но тоа треба да се одвива транспарентно пред се и под граѓански надзор, во спротивно, имаме опасност од злоупотреби, предупредува тој.

На денешната конференција присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој во својот говор порача денес не постои дел или делови од општеството кои не се предмет на закана и дека токму тоа треба да биде основен постулат во градењето и надградбата на безбедносниот систем.

– Државата мора да биде заштитена. Се разбира не од граѓаните, туку во интерес на граѓаните кои се смисолот за постоење на државата, рече Спасовски.

Спасовски порача дека институциите мора да се фокусираат кон натамошна изградба на флексибилен, ефикасен, технички модернизиран концепт на безбедност на институционално ниво, способен првенствено за валидно евидентирање, анализа и проценување на заканите, како и на мултиинституционален систем за соодветен одговор кон истите, притоа почитувајќи ги автохтоните карактеристики и националните приоритети, но и нужноста за стандардизирање на сите сегменти од безбедносната сфера.

безбедносен систем тајни служби Финфишер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.